Стартува проектот „Ало докторе“
Објавено на 15 септември, 2014 во 07:30
Со проектот на Владата „Ало докторе“, кој ќе почне од денеска, граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чуствуваат.
Во проектот се вклучени лекари специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите кои се јавуваат во Итната медицинска помош кои што се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани лекари.
