Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани
Објавено на 17 септември, 2014 во 07:29
Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утрината во 5.30 минути на патот Штип – Кочани кај Долни Балван.
При директен судир на автобус, кој превезувал работници и возило Форд Фиеста, загина возачот на Фиестата. Двете возила при сударот паднале во каналот покрај патот, поради што биле повикани и пожарникарите.
Сообраќајот меѓу Чардаклија и Долни Балван до пред малку беше во застој.
