Исчезна Македонка што работела на туристички брод во Грција
По две годишна работа на туристичкиот брод Серенисима исчезна дваесет и три годишната Дениса Марковска од Штип. Исчезнувањето на младата девојка е мистериозно откако таа го потпишала новиот едногодишен договор за работа. Нејзините родители не ја слушнале од 13 септември и очајно трагаат по неа.
Бродот Серенисима на кој работела пловел под руско знаме во територијалните води на Грција. Никој не знае што се случило со младата Македонка.
Била спроведена истрага со многу празнини и недоследности од страна на грчката полиција на Крит.
Родителите се уште не добиле официјален извештај ниту од капетанот на бродот, ниту од грчката полиција, ниту пак од некоја надлежна македонска институција. Родителите молат за помош како и за притисок врз надлежните органи од сите инволвирани земји за да се дознае што се случило со Дениса и каде е таа.
