Какво време не очекува во текот на денот?

Објавено на 18 септември, 2014 во 06:31

Времето денеска претпладне  ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните западни, југозападните, јужните и југоисточните предели.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 28°C. УВ индекс 4.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.