Филмот „Деца на сонцето“ денска премиерно на ИФФК „Браќа Манаки“
Објавено на 19 септември, 2014 во 07:52
Денеска на ИФФК „Браќа Манаки“ се очекува големата премиера на филмот „Децата на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески. Голема актерска елита е вкличена во проектот, а меѓу нив и Мето Јовановски и Владо Јовановски. Автор на музиката за филмот е Влатко Стефановски.
Пејсажно доживување од преспанскиот регион е дел од филмската фотографија која вечер ќе биде прикажана на филмското платно на Манаки.
Директор на фотографија е Јарослав Шода.
Она што беше карактеристично за време на снимањето на филмот, продукција и пост продукцијата е постојаното информирање од страна на менаџментот за активностите на тимот.
