Македонија на суд ја бара амбасадата во Будимпешта
Објавено на 19 септември, 2014 во 08:31
Македонија води судски спор за зградата на македонската амбасада во Будимпешта. Спорот се води пред Вишиот суд во Будимпешта, Република Унгарија.
Ова е само од еден од четирите меѓународни судски спорови што ги води нашата земја.
Според податоците на Државното правобранителство, во 2013 година Јозо Капетановиќ и други од Тиват ја тужеле Република Македонија и Министерство за труд и социјална политика пред Основниот суд Котор во Република Црна Гора. Извесна Аленка Песек ја тужи Република Македонија и Амбасада на Република Македонија пред Основниот суд во Љубљана, Република Словенија.
Судски спор против Република Македонија води и модната конфекција Астибо Штип пред Основниот суд во Белград.
