Уапсени шефови на царински испостави

Објавено на 20 септември, 2014 во 07:41

Полицијата и Царинската управа реализираа заедничка акција во која синоќа се приведени неколкумина шефови на царински испостави за злоупотреба на службената положба и овластување и две други лица за помагање.

Според првичните информации од МВР, приведените се осомничени дека краделе од склад во кој се наоѓале одземени предмети за кои се води постапка. Дел од повредните предмети уапсените цариници ги заменувале со фалсификати.

Повеќе информации за заедничката акција се најавени за денеска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.