Македонците не штедат на цигари и алкохол
Македонците трошат повеќе пари за алкохол и цигари отколку за овошје, млеко, чевли, риба или за култура и рекреација, за образование. Така, просечно четиричлено домаќинство во земјава лани се почестило со 9.423 денари, од кои 6.335 денари за тутун, а 3.088 за алкохол, пишува Дневник.
Тоа е сума која е далеку повисока од парите што просечно домаќинство ги одвојува, на пример, за овошје (6.607 денари), обувки со вклучени поправки (5.950 денари) или за рекреација и култура за што вкупно годишно се одвојуваат 7.113 денари. А девет пати е помала од таа што се издвојува за образование – 1.720 денари годишно за сите четворица.
Македонците убедливо најмалку се фаќаат за џеб кога е образованието во прашање. Овие чудни податоци ги открива Статистичкиот годишник за лани, според кој ситуацијата претходните години била далеку полоша. Тогаш граѓаните повеќе посегале по паричник за алкохол и пороци отколку за други потребни набавки. Така, ако во 2012 година потрошиле 11.863 денари за алкохолни пијалаци и тутун, лани за оваа ставка имале две илјадарки помалку, односно потрошиле 9.423 денари.
