Состојба на патишта
Од 27.10.2014 година воведени се нови термини за одвивање на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски брод низ Јасен.
– во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 07:30 до 08:30, и од 14:30 до 15:30 часот.
– во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 06:00 до 07:00, и од 16:00 до 17:00 часот.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
