Со ракетен фрлач РПГ најверојатно е пукано во зградата на Владата

Објавено на 31 октомври, 2014 во 08:16

Во зградата на Владата, најверојатно, било пукано од ракетен фрлач РПГ. Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип на оружје, оти со него не може да управува секој. Ова се претпоставките на дел од професионалните војници со кои контактиравме вчера во врска со понеделничкиот инцидент кога два проектили завршија во владиниот објект на „Илинденска“, пишува Утрински весник.

Во недостиг од комплетни информации, кои се очекува да бидат соопштени по завршување на истрагата, познавачите на оваа проблематика велат дека во нападот, најверојатно, е употребена противпешадиска распрснувачка ракета, која се активира и исклучува под прав или остар агол.

Оружјето со кое било пукано во вторникот врз зградата на Владата може да е ,најверојатно било од ист тип како оружјето користено во нападот во 2007 година, велат експерти . Станува збор за хрватскиот рачен фрлач на гранати РПГ-6, модернизирана верзија на јужноафриканскиот фрлач користен во војните во поранешна Југославија.

Од МВР вчера соопштија дека е завршено балистичкото вештачење во врска со веројатноста за насоката од која се истрелани, како и на калибарот од остатоците на двата проектила што завчера вечерта беа истрелани кон зградата на Владата на Република Македонија и за тоа е информирано Јавното обвинителство.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.