Расте јазот помеѓу богатите и сиромашните

Објавено на 31 октомври, 2014 во 15:04

Македонија има највисоки класни разлики во Европа, покажува истражувањето на Светската банка, на кое се повикуваат од Здружението “Прогрес“. На нивната денешна трибина беше потенцирано дека, по распределбата на доходот се приближуваме до латино-американските земји, а јазот меѓу најбогатиот слој и сите останати, е огромен и незамислив за обичниот граѓанин.

-Највисоката плата во Македонија е 76 илјади евра, а има и такви кои имаат месечен приход од 300 илјади евра, што е ненормално и незамисливо за обичниот граѓанин, вели професорот Здравко Савевски.Потенцира дека граѓаните мора да престанат да се плашат дека ќе бидат отпуштени од работа и да го надминат митот за спасителот, односно дека ќе дојде некој и ќе ги спаси.Вели дека мора самите да се организираат, ако сакаат да сменат нешто во своја корист.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.