Против екстерното тестирање протестираа студенти на УКИМ

Објавено на 31 октомври, 2014 во 15:10

Околу 200 студенти се собраа пред Ректоратот при Универзитетот „Св.Кирил и Методи“ и побараа поддршка за укинувањето на екстерното тестирање што го предлага Министерството за образование.

„Ние имаме само една книшка – се вика индекс!“, „Не го силувајте образованието, и онака е истрауматизирано“, „Образованието е право, а не привилегија“ беа само дел од транспарентите кои в раце ги држеа студентите на денешниот протест против екстерното тестирање. Тие велат дека имаат поддршка од своите професори, а денеска побараа поддршка и од Сенатот, кој во тоа време одржуваше седница.

Денешниот собир беше организиран од неформалната иницијатива на студенти „Студентски пленум“.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.