„Макстил“ затвори а „Југохром“ бара нов еколошки рок

Објавено на 31 октомври, 2014 во 15:15

Тетовскиот комбинат „Југохром“ бара уште две години од Министерството за животна средина за да ги исполни еколошките услови за добивање на А интегрирана дозвола. Барањето до Министерството пристигнало вчера попладне, еден ден пред истекувањето на рокот што Владата им го наложи на индустриските капацитети за имплементирање на европските стандарди, а во спротивно им се закани со присилно затворање, јави Плусинфо.

Од скопската челичарница „Макстил“ денеска соопштија дека го запреле производството во погонот и дека во наредните два месеца ќе се става во функција новата филтерска постројка за прочистување на издувните гасови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.