Владата објави централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19
Објавено на 2 април, 2020 во 16:02
2.04.2020
Нова веб-страница е создадена со цел навремено информирање на граѓаните за мерките за заштита и превенција на заболувањето КОВИД-19, предизвикано од новиот коронавирус.
Веб-страницата „koronavirus.gov.mk“ се одржува од Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Северна Македонија.
На неаможете да ги проследите последните вести за денот за ситуацијата со вирусот во земјава, статистики, како и за економските мерки кои се преземени од Владата, совети како да се заштите, каде да се обратите доколку чуствувате симптоми итн.
Коронавирус.мк има и апликација за „Андроид“ и „Еп Стор“.
