Дождливо и студено со температури од -1 до 5 степени

Објавено на 30 ноември, 2020 во 08:36

dozdlivoistudeno fin

30.11.2020

Денеска во земјата ќе преовладува облачно време со повремен слаб дожд во утринските часови. На повисоките места и на планините се очекува слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 степен до 5 степени, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен слаб дожд, а на околните планини ќе има слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне до 6 степени.

За вторник синоптичарите најавуваат претежно сончево време со утринска магла по одделни котлини и со ниски утрински температури, а веќе од среда повторно ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.