Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка

Објавено на 4 декември, 2020 во 09:22

soobrakajvomagla fin

4.12.2020

Сообраќајот утринава се одвива по наместа влажни коловози, но без забрани. Слаб снег има на Попова Шапка, а магла на планинскиот премин Стража каде видливоста е намалена од 50 до 70 метри.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, повремени прекини на сообраќајот од 15 до 20 минути денеска ќе има на патниот правец Кичево – Охрид на делницата Пресека-Песочан кај селото Врбјани. Прекините се поради градежни активности на патот.

На граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.