Пендаровски со честитка за Свети Климент Охридски: Неговите доблести ни се неопходни во време кога се бориме со пандемијата

Објавено на 8 декември, 2020 во 08:46

Pendarovski fin

8.12.2020

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима.

-Св. Климент Охридски верно продолжувајќи го делото на своите учители, Светите Кирил и Методиј, ги постави темелите на духовноста и просветителството на нашите простори. И после 11 века од неговото упокојување, неговото дело го издржа судот на времето, не престанувајќи да биде инспирација и мотивација не само за македонските граѓани, туку пошироко на Балканот и во Европа.

Свети Климент Охридски не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение, солидарност. Токму овие доблести ни се неопходни во време, кога како и целото човештво се бориме со пандемијата на ковид 19 и разорните последици што таа ги носи. За жал токму сега, како народ и држава сме ставени пред дополнителни тешкотии и предизвици, при што ни се негира минатото, обременува сегашноста и загрозува иднината. Посакувам делата и мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата кои само сложни и обединети можеме ги надминеме, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.

Шефот на државата по повод големиот празник Св. Климент Охридски на г.г. Стефан и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници им упати најсрдечни честитки, посакувајќи им денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, хармонија и радост.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.