9 декември – Меѓународен ден за борба против корупцијата
09.12.2020
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијат со настанот, кој заради препораките за заштита од Ковид-19 ќе се одржи во хибридна форма.
Како што соопшти ДКСК, првично предвидени се обраќања на: претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, заменикот на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за правда, Бојан Маричиќ и на претставникот на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, Миша Поповиќ.
По воведните обраќања, треба да се одржи онлајн дискусија која ќе се одвива преку интернет платформата „ZООМ“, а во која покрај медиумите, се очекува да се вклучат и претставници на законодавната, извршната и судската власт, од меѓународните организации, локалната самоуправа, невладиниот и приватниот сектор.
Истовремено, по повод 9. Декември – Мегународниот ден за борба против корупција, група активисти низ Скопје, спроведоа урбана акција поставувајќи транспаренти, чија содржина укажува на тоа колку корупцијата е застапена во нашето општество. Вкупно 8 транспаренти со фиктивни содржина, но базирани на реалноста во која живееме, се поставени на исто толку места.
Мите Јаначков
