Променливо облачно време со умерен ветер
13.01.2021
Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Поради продор на студена воздушна маса од север утре попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места. Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец поизразен утре и потоа во петок и сабота.
Во Велес, каде тече Вардар, засега ситуацијата е под контрола. Има мали излевања кај дел од шеталиштето на Кејот и во близина на кафеаната кај „Ингилизот” во Градскиот парк и на мал дел од бавчите во Речани, но без поголеми штети. Кризниот штаб, како што изјави градоначалникот Аце Коцевски, ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со УХРМ и другите надлежни институции со цел да се реагира навреме и да не се дозволи излевање.