Во последните 24 часа, нови 500 прекршоци за не носење маска
Објавено: 14 јануари, 2021, во 10:37 часот
14.01.2021
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 500 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид – 19.

Стефани Манева

