Црвен крст Куманово поделија хуманитарна помош за десет семејства чии семејни куќи беа зафатени од надојдените води
14.01.2021
Црвениот крст Куманово подели дваесетина пакети со прехранбени и хигиенски продукти за жителите на неколку села чии што индивидуални куќи беа зафатени од излевањето на реките во кумановско, соопштија денеска од организацијата.
„ Волонтерите од тимот за одговор при катастрофи од општинската организација на Црвен крст Куманово при посетата и процена на штетите од прелевање на Крива Река во реонот на селата Клечовце, Јачинце и Довезенце поделија хуманитарна помош за десет семејства чии семејни куќи беа зафатени од надојдените води и е предизвикана материјална штета. Црвен крст Куманово ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и доколку се јави потреба ќе достави дополнителна хуманитарна помош“, изјави Бојан Петрушевски, секретар на општинската организација.
Помош е дистрибуирана и за жителите на Макреш, село во општина Старо Нагоричане како и за жители на селата Војник и Пелинце.
Изминатата недела поради излевање на Крива Река и Пчиња беа зафатени неколку индивидуални куќи во неколку села како и викенд куќи, а беше поплавено и земјоделско земјиште.