Филипче: Нема пречки при увозот на вакцините од Србија
Објавено: 21 јануари, 2021, во 14:07 часот
21.01.2021
Вакцините од Фајзер што ни ги донира Србија, во нашата земја ќе стигнат со интервентен увоз. Нема да постојат пречки при увозот на вакцините.
-„ Планот за вакцинација е подготвен. Спремни сме со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани и може да се складира огромна количина на вакцини – објави на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот вели дека компанијата отстапила од генералната политика и без регистрација вакцините од Србија да пристигнат во нашата земја.
-„ Во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе постапуваме, здравствените работници се први“ – додаде Филипче.
#Вакцини #Ковид-19 #МинистерствоЗаЗдравство #ВенкоФилипче



