Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Објавено на 27 јануари, 2021 во 09:47

amsm fin

27.01.2021

Авто Мото Сојуз на Македонија ги известува сите дека патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Сообраќајот пак на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Стефани Манева

#АМСМ #ЗабранаЗаДвижење #ТешкиТоварниВозила #Стража #СлабСнег

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.