Професионалните војници на крајот од својот ангажман ќе може да добијат по 1.000 евра за секоја година работа

Објавено на 27 јануари, 2021 во 13:18

vojska fin

27.01.2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со Синдикатот на одбрана, соопшти дека има цел да им се оддолжи на војниците кои тоа го заслужуваат.

-Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполноти 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба – истакна Радмила Шекеринска.

Што точно значи тоа, според објаснувањето на министерката оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра или оние кои имаат 26 години стаж ќе добијат 26.000 евра.

#Војници #Шекеринска #Стаж #Работа #1.000евра 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.