Групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, целосно е затворена
29.01.2021
Групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, која брои 6 500 членови синоќа е избришана. Во оваа група се споделуваа фотографии, профили од совијални мрежи, лични податови како адреса, граб и мобилен телегон од девојќи кои се полнолетни но и малолетни. Во исто време продолжува и потрагата по креаторите на групата, а до денес приведени се четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип.
Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го поздравија чекорот на платформата Телеграм и порачаа дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети.
– Телеграм или ќе ја затвори групата, или земјата ќе ја блокира оваа социјална мрежа, најави вчера премиерот Зоран Заев.
Истакна дека до социјалната мрежа Телеграм се испратени категорични барања да ја избрише групата „Јавна соба”. Ако не го сторат тоа, Заев најави дека е можно да се блокира апликацијата.
– Креирањето на ваквите групи секако се од лица кои имаат сериозни намери да нарушат лична безбедност или лични податоци на одредени лица. Јас очекувам сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата, и тоа да претставува обесхрабрување за секој што ќе се дрзне во иднина на ваков начин или на која било платформа, социјална мрежа, да злоупотребува лични податоци, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Покрај досега приведените четири лица, се трага и по други креатори и членови на групата.
– Секако дека трагаме и по други, имаме идентификувано уште лица кои во наредниот период ќе бидат приведени. Интензивно работиме во соработка со Јавно Обвинителство. Имавме експресна, брза реакција во делот на пронаоѓањето на овие сторители, и сметам дека на овој начин можеме ефикасно да ставиме крај на вакви злоупотреби на одредени социјални мрежи, додаде Спасовски.
За „Јавна соба” се огласи и шефот на државата Стево Пендаровски, кој во изјава за МИА рече дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон и побара од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи.
#МВР #ЈавнаСоба #Телеграм #ЗатворенаГрупа #УпасениЛица
