Бојкотот на матурантите завршува денеска, но бараат поддршка од Собранието

Објавено на 29 јануари, 2021 во 11:59

matura fin

29.01.2021

Денеска завршува бојкотот на средношколците, кои побараа поддршка од Собранието, а за своите следни чекори посочиија дека ќе одлучат во следните денови.

Нивното барање е јасно, и истото е испратено до Собранието, во кое бараат поддршка во однос на тоа, Министерството за образование и наука да дозволи полагање на само два предмети од Државната матура, наместо четири.

Во нивното писмо, се вели и дека Министерството постојано ги игнорира и не размислува, па одбива компромис по однос на ова прашање.

Сојузот од Собранието поконкретно бара измени во Законот за средно образование, доколку Министерката, Царовска е одлучна околу својот став.

Стефани Манева

#Средношколци #Матуранти #ДржавнаМатура #СредношколскиСојуз #МОН #Собрание 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.