Приведено лице од Гостивар за поседување хероин

Објавено на 29 јануари, 2021 во 12:09

policija fin

29.01.2021

Од министерство за внатрешни работи соопштуваат дека на 28 јануари околу 20 часот во Гостивар, полициски службеници на сектор за внатрешни работи Теотово, го лишеле од слобода Ф.Н.(22) од Гостивар. Причината е поседување на хероин.

По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Стефани Манева

#Македонија #Гостивар #МВР #ПоседувањеХероин 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.