АМСМ: Одрони на патот Струмица – Берово, снег на Попова Шапка

Објавено на 1 февруари, 2021 во 09:15

odron fin

1.02.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, но непречено, освен на патниот правец Струмица – Берово, над рудникот Огражден, каде се одвива отежнато поради одрони од карпи и земја. Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, обврска што ќе трае до 15 март.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.