МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование

Објавено на 1 февруари, 2021 во 09:51

MON fin

01.02.2021

Министерството за образование категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, што ја пренесоа од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование.

„Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.

Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието,“ пишува во соопштението на МОН.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.