ИЈЗ: Се бележи пораст на позитивни случаи на Ковид-19

Објавено на 2 февруари, 2021 во 11:37

instituti fin

02.02.2021

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години.  Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 градови, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, шест лица на возраст од 50-59 години и три лица на возраст од 40-49 години.

Стефани Манева 

#Ковид-19 #Македонија #ИЈЗ #Извештај #Оздравени #Тестирања #ДомашноЛекување 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.