АМСМ: Поради магла има намалена видливост во Тетово, Демир Капија и планински премин Ѓавато
03.02.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива напречено, на одредени места по влажни коловози. Поради појава на магла, има намалена видливост од 50 до 100 метри во Тетово, Демир Капија и планинскиот премин Ѓавато.
Авто Мото Сојуз на Македонија апелира да се вози со прилагодена брзина, да се почитува сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност за појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева
#АМСМ #НепреченоМинување #Магла #Македонија
