МВР: Казнет тетовец кој со „флешери“ поминал на патарина

Објавено на 4 февруари, 2021 во 10:27

patarina fin

04.02.2021

Полициски службеници од Полициска Станица Тетово на 03.02.2021 во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино.

Од Министерство за внатрешни работи велат дека Ш.С. во службениот разговор го признал делото, „флешерите“ се демонтирани.

Министерво за внатрешни работи во соработка со Државниот инспекторат за транспорт, на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.