Дел од Методологијата за пописот денеска ќе ја соопшти Државниот завод за статистика

Објавено на 5 февруари, 2021 во 10:20

drzavenzavodzastatistika fin

05.02.2021

На денешна прес конференција Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, заедно со неговиот заменик, Илми Селами ќе ја соопштат Методологијата за подготовка, организација и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во С.Македонија 2021. година.

Собранието на 21. јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија, според кој пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава, според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Опозицијата останува на ставот, дека попис е неопходно да има, но треба да се оддржи или електронски или да се одложи за пролетта следната година.

Претседателот Пендаровски побара одложување на пописот за јуни или јули годинава, на што премиерот Заев одговори дека истиот предлог е вреден размислување.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.