Во изминатото деноноќие на Попова Шапка се формирала снежна покривка од 28 сантиметри
Објавено на 10 февруари, 2021 во 08:55
10.02.2021
Во текот на ноќта преовладуваше умерено до значително облачно време, во запдните делови со локален дожд. Најмногу дожд заврнал во Лазарополе – 11 литри на метар квадратен, додека најмалку дожд наврнал во Штип – помалку од еден литар.
Во изминатото деноноќие најмногу снег заврнал на Попова Шапка каде се формирала снежна покривка од 38 сантиметри, соопштија од Управа за Хидрометеоролошки работи.
Изутринава дува слаб до умерен ветер претежно во југозападен правец.
Стефани Манева
