Чагоровска: Скоро 20.000 граѓани преку сајтот изразија желба за вакцинирање
Објавено на 11 февруари, 2021 во 10:35
11.02.2021
Во текот на вчерашниот ден, беше пуштен во употреба сајтот за вакцинација против Ковид-19.
„Од вчера околу 20.000 граѓани изразиле желба за пријавување на сајтот за вакцинација“, изјави Жаклина Чагоровска од Националниот електронски систем – „Мој термин“ за емисијата „Студио 10“.
Околу проблемот со сајтот, таа вели дека кога отишол во продукција, големата заинтересираност од граѓаните придонела за паѓање на сајтот за пријавување.
„Процесот ни направи проблемит при добивањето на кодот од мобилните оператори и се соочивме со „тесно грло“ на примање на пријави во нашиот систем и одговор од страна на операторите“, вели Чагоровоска.
Секој граѓанин може да се пријави за вакцина, самиот систем ги определува приоритетните граѓани.
