Денеска во Собрание ќе се дебатира за државна матура

Објавено на 12 февруари, 2021 во 10:55

Sobranie na RM

12.02.2021

Денеска ќе се одржи дебата за полагањето на државата матура на иницијатива на Клубот за младински прашања и политики во Собранието.

Како што е најавено, на дебатата ќе присуствуваат претставници на Сојузот на средношколци, претставник на Министерството за образование, но тоа нема да биде министерката Мила Царовска, со оглед на тоа што е во самоизолација, како и пратеници.

Средношколците бараат наместо четири да полагаат два предмети за државна матура.

Тие пред неколу дена Сојузот имаше средба со премиерот Зоран Заев по која беше соопштено дека постои волја за да се изнајде решение за проблемот со МОН.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.