Беса Адеми избрана за претседател на Врховниот суд

Објавено на 12 февруари, 2021 во 11:00

besa fin

12.02.2021

Врховната судијка Беса Адеми е новиот претседател на Врховниот суд. Судскиот совет претпладнево на седница меѓу тројцата кандидати Беса Адеми, Лидија Неделковска и Џемали Саити со гласање ја избра Беса Адеми.

Адеми ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1, против нејзиниот избор беше само членот Мирсад Сурои.

Изборот на нов претседател на Врховниот суд го следеа контроверзии околу психолошкиот тест на судијата Џемали Саити за кој некои медиуми објавија дека не го положил психолошкиот тест.

Од институтот каде се вршело психолошкото тестирање од судскиот совет ја негираа оваа шпекулација со појаснување дека на овој тест не се паѓа и веста е сосема неточна.

Судијата Саити за Порталб отфрли дека паднал на тестот но најави по завршување на изборот дека во јавноста како што рече ќе обзнани интересни работи кои се случувале околу тестирањето и трката за нов претседател на Врховниот суд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.