Франција препорача една доза од вакцината за оние што веќе имале Ковид

Објавено на 12 февруари, 2021 во 16:14

francija fin

12.02.2021

Француските здравствени власти препорачаа само една доза од вакцината против Ковид-19 да се дава на оние луѓе кои веќе претходно биле инфицирани со корона вирусот, пишува Гардијан.

Во изјава од Францускиот здравствен институт изјавија дека луѓето кои биле претходно заразени задржуваат имунолошка меморија, и затоа се препорачува тие да бидат вакцинирани само со една доза, додавајќи „Една доза од вакцината ќе дејствува како потсетник“.

Администрацијата наведува дека треба да се чека повеќе од три месеци по болеста, а уште подобро шест месеци пред да се даде една доза вакцина.

Здравственото тело наведува дека досега ниту една држава нема заземено став за вакцинација со единечна доза на лица кои прележале Ковид-19.

Тоа решение се споменува последните денови во неколку студии спроведени во САД и Италија, но се уште не е оценето од други научници.

Истражувачите кои ги спроведоа тие анализи наведуваат дека покрај здравствените придобивки, само една вакцина би придонела за заштеда на дозата во сегашната ситуација со слабо снабдување со вакцини.

Француската влада обично го следи мислењето на Високата здравствена управа. Сепак, на крајот на јануари не ја одобри препораката на Управниот одбор за продолжување на првично препорачаниот интервал помеѓу првата и втората вакцина на Фајзер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.