На коловозите има остатоци од кашест снег, воведени забрани за камиони и шлепери

Објавено на 14 февруари, 2021 во 10:35

cistenjenapatishta fin

14.02.2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од 10:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

Забрани за тeшки товарни возила воведени од  вчера има:

Од 08.30 часот на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

Од 00:45ч поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 19.30 часот поради врнежи од снег и снежни наноси на коловозот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга и обратно.

Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.

Од 18:10 часот се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

 На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.