Филипче: Имунизацијата за здравствените работници започнува в среда
Објавено на 14 февруари, 2021 во 10:50
14.02.2021
Министерот за здравство, Венко Филипче од Табановце се заблагодари за помошта од Србија за вакцините и најави дека од среда ќе се почне со вакцинација во Клиничкиот центар во модуларната болница.
-Вчера работевме и го потпишавме договорот од Фајзер и сега веќе пристигнаа вакцините. Во среда ќе почне имунизацијата во Модуларната клиника во Клиничкиот центар, а првата група како што е познато ќе бидат здравствените работници“, истакна Филипче.
