Потпишување договор за 2,4 милиони евра неповратни средства наменети за енергетска транзиција
Објавено на 15 февруари, 2021 во 09:57
15.02.2021
Република Северна Македонија денеска со Сојузна Република Германија ќе потпише договор за грант наменет за обновливи извори за енергетска транзиција.
– Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската Влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на енергетски објекти, информираат од Владата.
Договорот ќе го потпишат генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на KfW за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеманн, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев и германската амбасадорка Анка Холштајн.
