Филипче: Секој што ќе се вакцинира ќе добие сертификат од системот „Мој термин“

Објавено на 15 февруари, 2021 во 11:18

venkomaska

15.02.2021

Во тек се подготовките во Модуларната болница каде од среда треба да започне вакцинацијата против Ковид-19.

„Сите граѓани кои ќе се вакцинираат ќе добијат сертификат од системот „Мој термин“. Во делот на меѓународната употреба на граница се уште ништо не е официјално“, изјави министерот Венко Филипче за ТВ 24.

Тој уште еднаш потврди дека не сме чекале долго за вакцините, поради тоа што сите земји имаат проблеми со снабдувањето, со исклучок на земји кои масовно вакцинираат.

„Ние навремено реагиравме и ги започнавме преговорите“, потенцира Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.