МЗ: Кој од здравствените работници нема добиено покана за вакцинација, да се пријави на vakcinacija.mk

Објавено на 15 февруари, 2021 во 11:44

lekari

15.02.2021

Министерството за здравство со апел до здравствените работници – кој не добил покана за вакцинација против ковид-19, да се регистрира по електронски пат на интернет страницата www.vakcinacija.mk.

Здравствените власти за задутре во модуларната болница во скопскиот Клинички центар најавија почеток на процесот на имунизација во земјата што ќе биде во три фази, а ќе почне со медицинскиот персонал, откако викендот пристигнаа првите дози од вакцината на „Фајзер“ како донација од соседна Србија.

Досега, според Министерство за здравство, се пријавени околу 4.000 здравствени работници од кои пола од Скопје, а останатите доаѓаат од другите градови. Тие според Националниот план за имунизација се во првата фаза.

Порталот сдк.мк пишува за реакција на матични лекари кои не биле прашани дали ќе се вакцинираат. Претседателката на Здружението на матични лекари, пак, Лилија Чолакова-Дервишова дека пред десетина дена, според нејзини сознанија, преку „Мој термин“, сите биле прашани дали ќе се вакцинираат за заштита од ковид-19.

– Моите сознанија се дека сите добија прашање. Ова се однесува на матичните доктори и на персоналот од ординациите, сестрите. Останува лично кој како смета, а со оглед дека дел од нас ја одлежаа заразата, може и да не се пријават, ја пренесува сдк.мк, изјавата на Човакова-Дервишова.

Според Министерство за здравство, интерес за вакцинација досега пројавиле 46.023 лица преку платформата www.vakcinacija.mk што ги прави видливи и за електронскиот систем и за матичните лекари.

Од Министерството, сепак, потенцираат дека со пополнување на електронската форма, граѓаните искажуваат само интерес, но не и закажување за термин за вакцинација. Датумот и часот на вакцинирање се утврдува преку „Мој термин“, согласно Националниот план за имунизација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.