Вработен во обложувалница добил кривична пријава бидејќи наместо во благајна, парите од уплата на тикети си ги присвоил

Објавено на 16 февруари, 2021 во 11:05

oblozuvalnica

16.02.2021

Сектор за внатрешни работи Скопје-Единица поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје заради постоeње основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Затајување“.

– А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000,00 денари, оставајќи ја благајната на уплатно- исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое што бил вработен за 95.000,00 денари, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.