ДСЗИ: Во необележана просторија од 25 метри квадратни во Струга, вршеле гинеколошки прегледи

Објавено на 16 февруари, 2021 во 12:10

dszii

16.02.2021

Инспекцијата ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност во дивата гинеколошка ординација во Струга поради неисполнување услови за дејноста и ќе го извести Министерството за здравство за одземање на дозволата за работа.

Денеска е извршен вонреден инспекциски надзор по налог од директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и по добиени сознанија дека на Кеј 8-ми Ноември во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на Закон, здравствени инспектори од Охрид во соработка со службени лица од Министерството за внатрешни работи.

-По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегоа во посочениот простор, кој имал 25 м2 и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гинеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста, соопшти Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекологија и акушерство, вработена во Јавна здравствена установа „Општа болница Струга“.

При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ„Д-р Благоја Парталоски“.

Наведената приватна здравствена установа Приватна здравствена установа „Д-р Благоја Парталоски“ има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година дека исполнува услови (простор, опрема и кадар) за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на наведената адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година а има отстапувања и во однос на просторот, се посочува во соопштението на Инспекцијата.

Инспекциската постапка сѐ уште е во тек и по комплетирањето на севкупната докуменатција, ДСЗИ ќе ги преземе сите мерки согласно надлежностите на Инспекторатот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.