Државните инспектори за животна средина одржаа стручен колегиум за поефективни надзори

Објавено на 22 февруари, 2021 во 09:55

download

 

22.02.2021

Државните инспектори за животна средина на првиот стручен колегиум договорија постапки и правила со цел надзорите да бидат потемелни, поадекватни и поефективни. Колегиумот, како што соопштија од Државниот инспекторат за животна средина, се одржа во Демир Капија, а учествуваа и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од Државниот инспекторат за животна средина посочија дека поважните одлуки од колегиумот се однесуваат на донесување интерни акти за: постапувањето во случај на законски празнини, преклопувања на надлежностите, несоодветно постапување на овластените инспектори за животна средина на локално ниво, координацијата меѓу водостопанските и инспекторите за животна средина, подготовките и стандардните постапки при надзор врз инсталации со различен ризик за животната средина, постапувањето во случај на хаварии, потребата од обука на инспекторите за мострирање и набавка на соодветна опрема и надзорот врз непрописните депонии што ги одржуваат јавните комунални претпријатија, како и врз сите правни и физички лица што постапуваат со опасен и неопасен отпад.

Инспекторите споделија искуства и за специфични случаи за кои е потребно поширока опсервација, собирање на докази и соработка со други институции. Стручни колегиуми ќе се одржуваат секој месец, а во март координацијата меѓу инспекторите ќе се интензивира, со цел да се дадат предлози до Министерството за животна средина и просторно планирање за финализирање на Законот за инспекциски надзор во животната средина, стои во соопштението.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.