Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и извршната директорка на М6 Едукативниот центар

Објавено на 23 февруари, 2021 во 10:26

UKIM Kiril i Metodi 1 1 780x470

23.02.2021

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски и главниот извршен директор на М6 Едукативниот центар, Елена Младеновска-Јеленковиќ потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е остварување и јакнење на потребната врска помеѓу деловната заедница и академската средина, како и постојана размена на искуства, знаења и податоци во насока на општествен развој, охрабрување и поддршка за вмрежување помеѓу компаниите, студентите и стартап-заедницата.

– Компаниите од една страна сè повеќе се соочуваат со недостиг на кадар како резултат на масовното одлевање кадар од нашата земја, а од друга страна младите кои се желни да стекнат реално искуство немаат можност лесно да пристапат и да остварат контакти со бизнис-заедницата. Преку оваа соработка, М6 ќе овозможи спој на двете засегнати страни како и можност за практична работа во М6 и компаниите соработници. Студентите ќе добијат шанса да посетуваат и обуки за развивање меки вештини и останати обуки од различните програми на Едукативниот центар, соопшти скопскиот универзитет.

Јанкуловски и Младеновска-Јеленковиќ разговараа и за реализирање заеднички проекти, активности и друг вид соработка преку кои ќе се овозможи развојот на едукацијата, науката, иновативните и креативните можности во најширокиот опсег, а особено во областите земјоделство, технологија, фармација и медицина, енергетика и машинство, економија, банкарство и осигурување.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.