Заев: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството

Објавено на 23 февруари, 2021 во 17:10

zaev

23.02.2021

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството.

-Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!

Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков.

Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!

Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша Заев.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.