УХМР: Облачно време со врнежи од дожд и снег

Објавено на 22 март, 2021 во 08:33

sneg 206830

22.03.2021

Времето денеска ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со ниски утрински температури и во вторник и среда понекаде ќе има услови за провејување на снег. До среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.