ДЗС: Попишани се 130 009 наши државјани

Објавено на 23 март, 2021 во 09:49

zavi

23.03.2021

Државниот завод за статистика соопшти дека заклучно до денеска до 8 часот, вкупниот број на самопопишани државјани на Република Северна Македонија изнесува 130 009.

Во изминатите 24 часа, според државен завод за статисстика, се попишале нови 8 429 наши државјани.

– Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора. После многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување услуги кои им се потребни од својата татковина, се наведува во соопштението од ДЗС.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.